Реклама

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Криминална група од Скопје пренасочила над два милиони евра од технички прегледи во приватни џебови – Голема полициска акција

Скопје ќе светне – пристигнаа новите комунални возила

Бугарски пасош како штит за правење криминал: И осудениот Михаилов тврди дека е невин

Македонија

На фестивалот „Музика од светот“ во Битола гостува групата „Коза Мостра“ од Грција

Фестивалот на „Музика од светот“ во Битола продолжува со целовечерен концерт на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фестивалот на „Музика од светот“ во Битола продолжува со целовечерен концерт на една од најпопуларните грчки групи „Коза Мостра“ која на публиката во битолскиот Центар за култура ќе и понуди репертоар комбиниран со балканска музичка традиција.

Групата „Коза Мостра“ од Солун постои 13 години, како претставник на Грција учествувале на Евровизија, а во 2013 година приредија концерт во античкиот театар во Охрид, изјави за МИА, во пресрет на вечерашниот концерт, Сашо Илковски, директор на НУ Центар за култура-Битола.

– Нашите гости од соседна Грција вечер ќе презентираат музичка енергија содржана од традиционалното и фолклорното, дополнето со динамичен хард рок, хеви метал, ска и диско елементи. Групата „Коза Мостра“ настапувала на бројни меѓународни фестивали, а во Битола доаѓаат директно од Полска каде гостуваа на фестивал во таа држава. За нас како организатори и домаќини е чест што вечер меѓу другите, наши гости ќе бидат и амбасадорката на Грција во Македонија и конзулот на Грција во Битола, најави Илковски.

Реклама

Фестивалот на „Музика од светот“ завршува утревечер со настап на пијанистката од Русија со уметничко име Гамазда (Александра Кузнецова).

-Од Гамазда очекуваме незаборавна пијано вечер. Гамазда на концертите има специфичен и уникатен стил. Таа рок класиците од 80-тите и 90-тите години ги презентира автентично и со моќен рок дух. Впрочем нејзините видеа имаат милионски прегледи на YouTube, нагласи Илковски и додаде дека завршниот фестивалски концерт ќе се одржи во салата на битолскиот театар во која претпладнево подготвивме посебна сцена.

Фестивалот на „Музика од светот“ чиј домаќин и организатор е НУ Центар за култура-Битола се одржува со поддршка на Министерството за култура и Оштина Битола.