Реклама

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Македонија

Велешани хумани со донации за семејството Јовевски чија куќа им изгоре во пожар

Во хуманитарна акција која ја иницираше и спроведе велешкото Здружение „Велешки акцијаши“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во хуманитарна акција која ја иницираше и спроведе велешкото Здружение „Велешки акцијаши“ во изминатите денови преку солидарни касички и со донации и хуманитарн концерт кој се одржа во вторникот вечерта до денеска се собрани 200 илјади денари за помош и обнова на опожарениот дом на семејството Јовевски под Којник, а на кои во попладневните часови на 27 октомври во голем пожар нивната куќа беше скоро целосно пеплосана. Семејството остана без покрив над глава и моментално привремено е сместено кај роднини и пријатели.

Делчо Костов, претседател на Здружението „Велешки акцијаши“ јавно се заблагодари на сите велешани кои се вклучија во акцијата за хуманост која се уште трае за помагање на семејството на нивниот млад член гимназијалецот Гоце.

Тој информира дека со донации и со хуманитарни касички се вклучиле основните и средни учлишта од градот, учениците и професорите, а се вклучиле и детските градинки „Димче Мирчев“, Здружението на пензионери, како и некои општествено одговорни компании кои ја поддржале хуманитарната акција како „Пододекор“ „Ветекс“ „Маркард“, а помош ветиле и други фирми и институции и градежни фирми, рече Костов.

Реклама

Тој нагласи дека граѓаните и фирмите кои сакаат да ја искажат својата хуманост за помош на оваа настрадано семејство, можат да уплатат и парични средства на жиро-сметката: 210501648880642 – Пандорка Јовевска, Тутунска банка.

Костов воедно им се заблагодари на сите естрадни ѕвезди кои в вторникот вечерта во салата на ООУ„Блаже Конески“ во Велес бесплатно учествуваа на хуманитарниот концерт и самите оставија пари во хуманитарната касичка на самиот концерт. На хуманитарниот концерт настапија велешките и македонски естрадни ѕвезди Мики Секуловски, Анета Арсова, Круме Спасовски, Никола Сташиниќ, Баже Натoв, Злате Антевски, Кате Брезова, Вики Среброва, бендот „Парабола“ од Гимназија „Кочо Рацин“, гајдаџијата Ратко од Скопје, како и играорците од Фолклорниот  ансамбл „Керамичар“ и КУД „Коле Неделковски“.

Воедно, информира дека е во преговори и договори со градежни фирми од Велес и велешко за поддршка на семејството при целосна реконструкција на опожарената куќа.

-Нашиот Гоце  учествувал на бројни еколошки акции и хуманитарни и еколошки активности за пошумување во Велес и неговата околина.Воедно учествуваше и на две Меѓународни акции во соседна Србија и два патти беше прогласен за ударни. Затоа, сега е наш ред да му помогнеме нему и на неговото семејство со што ќе им овозможиме повторно сигурен и топол дом, потенцира Костов.