Реклама

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

Македонија

Попов до Левица: За брзо ќе ве поканам на отворање на реконструираните студентски домови

На собраниската Комисија за финансирање и буџет, за збор се јави пратеникот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На собраниската Комисија за финансирање и буџет, за збор се јави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов, кој се обрати кон пратениците од Левица, кои не присуствуваа на седницата, а имаа поднесено амандман за Буџетот за 2025 година, за кој бараат реконструкција на студентски домови. Попов им порача дека веќе реконструкцијата на студентските домови се изведува, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Со оглед на тоа дека во овој момент ни се реконструираат студентските домови, јас ќе упатам порака до политичката партија која ги поднесува овие амандмани, а тоа е дека за многу брзо од денес ќе добијат од мене покана заедно да ги отвориме и промовираме реконструираните студентски домови, којшто во текот на наредната година ќе го добијат својот финиш’’, истакна Попов.

Пратеникот жали што неискреноста на политичката партија Левица е на високо ниво и сакаат да ја замајуваат јавноста со ширење на невистини.

Реклама

„Не верувам дека намерата во поднесувањето на овој амандман е искрена, туку има за цел да се замајува јавноста, но тие работи не поминуваат бидејќи студентите знаат дека домовите им се реконструираат и што оваа Влада прави за нив’’, потенцираше Попов.