Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Се крои нова цена на струјата – Владаат уверува, нема да има драстично поскапување

Се крои цената на струјата која ќе важи за домаќинствата во следната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се крои цената на струјата која ќе важи за домаќинствата во следната 2026-та година. Наскоро ќе се знае сумата која државните електрани ќе му ја понудат на тендер на Универзалниот снабдувач ЕВН Хоум, кој ќе биде распишан во четврток. Од ЕСМ веќе го доставиле предлогот до Владата која треба да пресече дали би бил прифатлив за граѓаните. Премиерот не сакаше да шпекулира околу висината на понуденото. Само рече дека Владата нема да се откаже од субвенционирање на струјата и покрај барањата на Европската Комисија. Ова е содржано во реформската агенда, но премиерот рече дека нема да дозволи струјата да поскапе за граѓаните за 30 до 35 проценти.

Премиерот Мицкоски најави дека 10 од останатите 12 реформски чекори треба да се направат до Нова Година. Една од забелешките кои треба да се корегираат се измените на Изборниот Законик согласно забелешките на ОБСЕ/ОДИХР за кои Мицкоски вели дека ќе се направат.Тој рече дека прифатливи се и измените во законите кои го опфаќаат судскиот систем и обвинителствата во делот на вработувања и унапредувања независно од мислењето на Владата. За буџетите ќе се направи компаративна анализа со членките на ЕУ.

Реформите вклучуваат и 3% од државните објекти да се направат енергетски ефикасни, барање на кое активно се работи односно Министерството за енергетика ќе го реализира со поддршка од Француската развојна агенција. Мицкоски информира дека Министерството за транспорт активно работи и на либерализација на железничкиот сообраќај во соработка со експерти од Европската комисија. Готов е и реформираниот Закон за аудиовизуелни услуги. На барање на Унијата, ќе с енаправи и Регистар на сите АД во кои државата има каков било удел. Мицкоски уште еднаш потенцира дека фокусот на Владата е најбрзо да ги спроведе реформите и тоа да биде клучно за Македонија да стане членка на ЕУ, а не билатералните спорови кои го кочат евроинтегративен пат на земјата.