Реклама

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

Македонија

Мицкоски: Аргументите што јавноста ги гледа сведочат за работата на Коцевски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска коментирајќи ја изјавата на јавниот обвинител Љупчо Коцевски,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски денеска коментирајќи ја изјавата на јавниот обвинител Љупчо Коцевски, според кого, причините за иницирање постапка за негово разрешување биле политички, рече дека аргументите што јавноста ги гледа сведочат за неговата работа.

– Ние не очекуваме од јавниот обвинител да каже, да виновен сум, не успеав во својата работа. Едноставно тоа е очекувано што тој го кажува. Така што, аргументите, еве јавноста ги гледа, јавноста сведочи за неговата работа, за работата на Обвинителството, на судовите. Повторно ќе кажам, малкумина за жал, и тоа е тој којшто е заробеник во рамките на Обвинителството, рече Мицкоски.

Тој посоќи дека Коцевски имал можност и шанса, што за жал, не ја искористил.

Реклама

Во врска со најавата на Коцевски за спојувањето на предметите за дивоградбите во Чаир, Мицкоски кажа дека органите треба да си ја вршат својата работа.

– Органите треба да си ги вршат своите работи, ако така одлучило Обвинителството тоа е нивна работа, немам што да коментирам. Доколку постои основа за било какви кривични дела, нема тука дилема, рече Мицкоски на прес-конференција за доделување решенија за самовработување како дел од Оперативниот план за вработување.

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски изјави рече дека предметите поврзани со спорните легализации во Општина Чаир се водат во Основното јавно обвинителство – Скопје и ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК) и најверојатно ќе бидат споени поради што меѓусебно се поврзани. Тој појасни дека едниот предмет е отворен по допрен глас, додека пак, другиот по пријава на поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска. Обвинителството располага со доволно докази, рече Коцевски нагласувајќи дека дополнително ќе се утврди кое обвинителство ќе биде надлежно по спојувањето на предметите.