Реклама

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

Македонија

Манасиевски: За украдени 150 ќебапи и кубење на коса до 4 години затвор, а за пожарот во кој изгореа 14 живи луѓе само една година затвор, судиите и обвинителите со вакви пресуди бараат 6.000 евра плата

Дел од правосудните органи, односно судии и обвинители, кои се инкриминирани и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дел од правосудните органи, односно судии и обвинители, кои се инкриминирани и инфилтрирани од поранешната власт на СДСМ и ДУИ, се погласни во своите барања за зголемени плати, а правдата никако да ја донесат, рече Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција.

Со само 2% доверба, една од најлошите статистики во светот, дел од судиите и обвинителите бараат да стигнат и до 360.000 денари плата, а за возврат наместо правда, тие стануваат активни чинители на неправдата.

Со кое лице овие правосудни органи, бараат зголемување на платите, дури поголемо и на оние најразвиени држави, кога за украдени 150 ќебапи се добиваат 3 години затвор, за кубење на коса се добива 4 години затвор, а за пожар во болница каде што живи горат 14 сограѓани, директорите на болницата добиваат по 1,5 година затвор. Секако, тогашниот министер за здравство, а сега актуелен претседател на СДСМ, Венко Филипче, кој е директно одговорен за овој случај, не е повикан ниту на разговор.

Реклама

Со кое лице бараат истите од 160.000 па се до 360.000 денари плата, кога годишно работат предмети под европскиот просек. Македонските судии и обвинители, работат годишно околу 170 предмети годишно, а просекот е нешто над 200 предмети.

Со кое лице овие судии и обвинители бараат зголемени плати кога поранешни Врховни судии, членови на судски и обвинителски совет, се фатени со мито, па на крај се спогодуваат со други судии, за да не одлежат казна? Каде е тука правдата и одговорноста? Кој вели дека овие што им досудиле спогодба нема и понатаму да одработуваат и да се спогодуваат и со други криминални и корумпирани структури?

Почитувани граѓани,

Поголемиот дел од судството и обвинителството се чесни и докажани луѓе во својата област. Но, не можат да дојдат до израз токму од овие корумпирани и до гуша заглавени судии и обвинители, кои одработуваат за една или друга партија, или за Струмичко Муртино или Кичевски Зајас?

Потребни се реформи, а не зголемување на платите. Секако нашите правосудни органи земаат едни од највисоките плати во регионот, а имаат само 2% доверба.