Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Манасиевски: Уставната судијка Кацарска сака да им го одземе зголемувањето од 7000 денари на пензионерите, а бара зголемување на сопствената плата, од СДСМ молк

Уставната судијка Добрила Кацарска која е позната по тоа дека преку ноќ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уставната судијка Добрила Кацарска која е позната по тоа дека преку ноќ благодарејќи на СДСМ стана Уставен судија, поради нејзините пресуди за 27 април, бара да се укине зголемувањето од 7000 денари на пензиите, додека истовремено бара зголемување на нејзината плата од околу 100 илјади денари.

Додека поединци судии и обвинители кои немаат ниту кредибилитет ниту легитимитет, блиски до структурите на СДСМ јавно бараат енормни зголемувања на платите, Кацарска по насока од СДСМ бара намалување на линеарното зголемување на пензиите.

СДСМ кои ја крахираа економијата и го контаминираа судството со свои кадри, сега на безобразен и срамен начин, преку Добрила Кацарска, се обидуваат да им ги одземат парите на пензионерите.

Реклама

Додека СДСМ молчи, бидејќи во нивно време пензионерите добиваа по 150 денари покачување, нивните инфилтрирани поединци во судството гласно бараат европски плати со доверба од едвај 2%. Во регионот и Европа, правосудните органи со далеку поголема доверба имаат плати слични на нашите, а кај нас судиите и обвинители со 2% доверба бараат двојно зголемување до над 6.000 евра, а притоа се бара кратење на пензиите на пензионерите. Чест на исклучоци, но поголемиот дел од овие контаминирани и корумпирани кадри блиски до СДСМ немаат ниту срам, ниту образ.

Почитувани граѓани, почитувани пензионери,

Сè додека ВМРО-ДПМНЕ е на власт, економијата ќе расте, а со тоа и пензиите и платите. ВМРО-ДПМНЕ се грижи за граѓаните и го подига животниот стандард.

Бараме од СДСМ јавно да се огради од барањата на Кацарска за поништување на зголемувањето на пензиите, кои таа ги побара од Уставниот суд.