Реклама

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

Свет

Би-би-си му се извини на Доналд Трамп за „грешка во проценката“, но тврди дека нема „основа за тужба за клевета“

Би-би-си му се извини на американскиот претседател Доналд Трамп во спорот околу…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Би-би-си му се извини на американскиот претседател Доналд Трамп во спорот околу монтажата на документарна емисија, но медиумот исто така соопшти дека нема основа за тужба за клевета од страна на претседателот на САД. Првиот човек на Би-би-си, Самир Шах, испратил писмо до Белата куќа, во кое бара прошка за монтажата на говорот што Трамп го одржал во јануари 2021 година.

Во обемниот прилог за емисијата „Панорама“ на Би-би-си, на едно место биле монтирани исечоци од говорот на Трамп, кои поради монтажата создаваат впечаток дека тој директно ги повикал своите поддржувачи на упад во седиштето на американскиот Конгрес. Притоа, биле изоставени делови од говорот во кои Трамп ги повикува своите поддржувачи да маршираат мирно и патриотски.

Дента кога експлодира скандалот, генералниот директор на Би-би-си и извршната директорка поднесоа оставки. Адвокатите на Трамп му порачаа на британскиот медиум да ја повлече емисијата „Панорама“, да му се извини на претседателот и да плати соодветна отштета или да се соочи со тужба со која ќе се бара отштета од најмалку една милијарда долари.