Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Предлог-измените на Законот за гранична контрола го помина првото читање на собраниската Комисија за одбрана и безбедност

Предлог-законот за изменување на Законот за гранична контрола го помина првото читање…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Предлог-законот за изменување на Законот за гранична контрола го помина првото читање на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. 

Како што беше речено на седницата на Комисијата, целта на измените е воспоставување соодветен систем за интегрирано гранично управување согласно европските пракси, шенгенските документи и документот произлезен од твининг-проектот „Aligning the national systems with the EU and the Schengen requirements for border management“ што беше завршен во 2022 година, а даде јасни препораки за воспоставување поефикасен, поекономичен и постандардизиран систем за гранично управување.

-Досегашната поставеност, со посебно владино тело задолжено за граничното управување, е уникатен и надминат систем кој веќе не постои во ниту една земја од Европската Унија и земјите од регионот кои се стремат да бидат дел од ЕУ. Современиот систем за гранично управување предвидува граничното управување да биде во институција задолжена за спроведување на законот која е надлежна меѓу другото и за интегрираното гранично управување (гранични проверки, граничен надзор, борба против илегална миграција, фалсификување документи,…). Овој систем се смета за поекономичен и покомпактен, од причина што наместо досегашното владино тело кое нема оперативна, туку само координативна улога, ќе се овозможи потребните активности поврзани со граничното управување да се вршат непосредно преку граничната полиција или во координација со останатите органи кои се дел од системот за интегрирано гранично управување, се наведува во образложението на предложениот текст.

Реклама

Согласно постоечките проекти и Шенгенските препораки, сите земји аспиранти за членство во ЕУ со поддршка на Фронтекс развиваат национални координативни центри, кои во иднина ќе бидат дел од EUROSUR мрежата. Овој нов координативен центар ќе биде преструктуиран од дежурниот центар кој веќе постои во рамки на организациската единица за гранични работи и миграци.