Реклама

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

Балкан

Грција воведува ригорозни мерки – никој нема да смее да ја напушти државата ако има неплатени казни

Грција најави нов, автоматски систем за контрола на сообраќајни прекршоци, кој нема…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Грција најави нов, автоматски систем за контрола на сообраќајни прекршоци, кој нема да им дозволи на странците да ја напуштат земјата доколку имаат неплатена казна.

Грчкото Министерство за дигитална администрација објави воведување на нов систем кој директно ќе ја поврзе сообраќајната полиција со царината. Ова значи дека, штом ќе пристигнете на границата, системот автоматски ќе ги прикажува сите неплатени казни за сообраќајни прекршоци во Грција.

Без разлика дали полицијата ве запрела и ви напишала казна или сообраќајните камери ве фатиле како правите прекршок, сметката ќе ве чека на границата.

Реклама

Тоа ќе функционира во реално време – откако ќе го сторите прекршокот, веднаш ќе бидете регистрирани, а казната ќе биде веќе на граничниот премин пред да стигнете до него. Кога полицискиот службеник ќе го провери вашето возило, ќе види дека сте направиле прекршок и нема да ви биде дозволен излез додека не се подмири долгот.