Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Прилози

Ѓубре, колабиран јавен превоз, проблеми со водата – Арсовска му остава на Ѓорѓиевски еден куп проблеми

Проекти што тапкаа во место, секојдневен сообраќаен хаос, градски превоз што целосно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Проекти што тапкаа во место, секојдневен сообраќаен хаос, градски превоз што целосно колабира, хигиена на најниско ниво и разочарани граѓани што одамна изгубија трпение. Град со проблеми до гуша. По четири години на чело на главниот град, градоначалничката Данела Арсовска зад себе остави главен град целосно нефункционален. Новиот градоначалник ќе мора да седне во фотелјата со итни планови и решенија на наталожените проблеми.

Во мандатот на Данела Арсовска, главниот град влезе во состојба на урбан колапс. Метрополата со недели личеше на депонија, со насобрано ѓубре, преполни контејнери и стаорци што си шетаат слободно низ градот. Вардариште гореше, а чистиот воздух стана луксуз за граѓаните.

 Наместо нови еколошки автобуси, ЈСП остана без гориво, автобусите не возеа,  а илјадници жители доцнеа на училипште и работа, остануваа на цедило.

Реклама

Подземниот сообраќај не доживеа бел ден. Сообраќајницата под „Лимак“, што требаше да го модернизира центарот, до крајот на нејзиниот мандат остана само ветување. На терен останаа само раскопани улици и сообраќаен хаос што го чувствуваат сите возачи. Планови имаше, но не и изведба.

Дополнително, кога ќе заврне дожд, улиците се претвораат во реки. Пукнати цевки, нефункционална канализација, делови од Аеродром, Ѓорче и Кисела Вода се редовно под вода, а и делови од градот често се и без неа. А коритото што навистина требаше да личи на река е претворено во канал-депонија. Сега сета верба е во рацете на новиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.  Од него се надеваат на многу подобро.

Градот што требаше да биде пример, стана предупредување. Скопје прво мора да се расчисти од наследството што го остави Арсовска, а тоа е град без ред, без чистота, без јавен превоз и без доверба кај граѓаните. Орце Ѓорѓиевски ќе мора да покаже дека постои разлика меѓу градоначалник што ветува и градоначалник кој решава.