Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Претставници на Сојуз на стопански комори во посета на Македонски семејни винарии 

Претставници на Сојуз на стопански комори предводени од претседателот Горан Ѓорѓиевски, денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претставници на Сојуз на стопански комори предводени од претседателот Горан Ѓорѓиевски, денеска беа во посета на здружението „Македонски семејни винарии“ со седиште во Кавадарци. По одржаните две средби со лозари и винари на тема дигитализација во лозаровинарството во државата, тие ја посетија и новата винотека Wine story на семејната винарија Попови,  во центарот на градот, каде што може да се дегустираат вина и ракии од најразлични македонски производители, но и да се купат. 

– Тука сме да дадеме поддршка на малите бизниси и да потсетиме дека ги поддржуваме малите и средни претпријатија. Наша цел е тие да се унапредуваат, да бидат што е можно поконкурентни и извозно ориентирани, а истовремено и да никнуваат нови мали семејни бизниси, што ќе придонесат за развој на македонската економија, рече Ѓорѓиевски. 

Тој подвлече дека е договорена поддршка за малите семејни винарии и дестилерии при аплицирање за грантови од домашни и меѓународни фондови.  

Реклама

Гоце Попов како извршен директор на здружението, заедно со останатите претставници на македонските семејни винарии, истакна дека поддршката што малите семејни вински бизниси ја добија во изминатите неколку години, дава резултати и во земјава расте бројот на мали винарници, што се потенцијал повеќе за развојот на винскиот туризам во државата.