Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Андов: Да го поддржиме Владко Грозданов за стабилна и перспективна општина Кочани

Потпретседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани, Александар Андов, денеска од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Потпретседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани, Александар Андов, денеска од Паркот на револуцијата упати повик до граѓаните во недела, на 2 ноември, да го поддржат кандидатот за градоначалник на Кочани, Владко Грозданов, носител на број 9 на гласачкото ливче. 

-Денеска заедно со нашите коалициски партнери Движењето ЗНАМ – За наша Македонија и Социјалистичката партија на Македонија ве повикуваме на 2 ноември вашиот глас да го дадете за број 9 и градоначалник на Кочани, Владко Грозданов за стабилна и преспективна општина, рече Андов.

Тој истакна дека Владко Грозданов е човек со визија, човек позади кој стои Владата на Република Македонија како гаранција за сите проекти што ќе бидат реализирани во Општина Кочани.

Реклама

Андов ги повика кочанчани да го направат „вистинскиот избор“ и да гласаат за број 9 на гласачкото ливче.

-Во недела вие одлучувате за вашата судбина, за судбината на вашите деца и пријатели. Гласајте за Владко Грозданов, за од понеделник Кочани повторно да почне да живее, порача Андов.

Александар Андов на првиот круг од локалните избори, одржани на 19 октомври, ја предводеше советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Кочани.