Реклама

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Македонија

Ќе се ревидираат критериумите за здравствено осигурување

Ќе се заоструваат критериумите за право на здравствено осигурување во Македонија. Фондот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ќе се заоструваат критериумите за право на здравствено осигурување во Македонија. Фондот за здравство заедно со Управата за јавни приходи и МВР ќе истражува колку „фантомски“ осигуреници има во државата. Во фокусот ќе бидат луѓе кои се осигурани по основ на невработеност, а од ФЗОМ велат дека ризикот од злоупотреби доаѓа од осигурениците кои неформално работат во сива економија и оние кои живеат во странство и приходите им се таму. Ваквите сомнежи ќе се испитуваат во следните неколку месеци по барање на Фондот, кој алармира дека во земјата има помалку жители отколку здравствени осигуреници.

Ризикот е од две групи. Првата е сива економија каде спаѓаат лица кои остваруваат приходи на неформален начин надвор од трансакциска сметка и во втората група се лица кои не живеат и не ги остваруваат примањата во Македонија. Оваа основа е поврзана со остварени или неостварени приходи на трансакциска сметка. Доколку немате приходи на трансакциска сметка се квалификувате да имате бесплатна здравствена заштита. Поради тоа Фондот трпи штети и по основ на приходи за здравствено осигурување и по основа на повеќе исплатени капитации (број на осигуреници е основ за плаќање на матичните лекари)“, рече Клековски.

Директорот на Фондот, Сашо Клековски не ја исклучува можноста дека има и лажни осигуреници. А малверзации со здравственото осигурување најверојатно има и кај македонски државјани кои живеат во странство, а кои не се одјавиле од земјата и продолжуваат да користат здравствено осигурување, со тоа што во текот на одморите доаѓаат во Македонија и користат здравствени услуги.

Реклама

Вкупниот број на осигуреници на здравствено осигурување во државата е над еден милион и 840 илјади, што е повеќе од бројот на жители според последниот попис.Од нив, 477 илјади се осигурани по основ на неврботени – бројка што отвара сомнеж за можни злоупотреби.