Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Психолошки центар „Алтернатива“ започнува нов циклус психо-едукативни работилници во Кочани

По тешкиот период кој ја погоди заедницата, Психолошкиот центар „Алтернатива“ продолжува со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По тешкиот период кој ја погоди заедницата, Психолошкиот центар „Алтернатива“ продолжува со создавање безбеден и доверлив простор за психо-едукативна поддршка и зајакнување.

Во рамки на иницијативата „Простор за поддршка“, организирана од Психолошкиот центар „Алтернатива“ – дел од Групацијата, со поддршка од „ДМ Македонија“, започнува нов циклус од шест затворени психо-едукативни работилници во Кочани.

Работилниците се наменети за професионалци кои работат со луѓе, лица кои директно или индиректно се погодени од траума или загуба, како и за сите кои чувствуваат потреба од дополнителна поддршка и ментално зајакнување.

Реклама

Сесиите ќе се одржуваат секоја сабота, од 8 ноември до 20 декември, во период од 11 до 13 часот, во Градската библиотека во Кочани. Работата ќе се реализира во две паралелни групи – група на возрасни и родители и група на професионалци, со најмногу 15 до 16 учесници, за да се овозможи доверба, стабилност и длабочина во процесот.

Работилниците ќе ги водат системски и семејни советници и психотерапевти од Психолошкиот центар „Алтернатива“, специјализирани за работа со трауми, загуби и ментално здравје. Дел од циклусот ќе биде реализиран и со примена на ЕМДР пристап – метод за третман на трауми, анксиозност и загуби.

Учесниците ќе имаат можност да добијат поддршка во справувањето со личните и професионалните последици од траума, да научат алатки за самопомош, емоционална стабилност и резилиентност, како и да се поврзат со други кои минуваат низ слични искуства.

Бројот на места е ограничен, а пријавувањето се врши преку телефонскиот број 078 313 306 (контакт: Кристина).

Организаторите порачуваат: „Не си сам/а. Твоето место е тука.“