Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Македонските компаниии треба да се декарбонизираат, инаку ќе плаќаат такса за извоз во ЕУ

Поскапи производи и помала конкурентност на европските пазари. Обврската за декарбонизација ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поскапи производи и помала конкурентност на европските пазари. Обврската за декарбонизација ќе значи дополнителен трошок за компаниите, првично за оние  од челичниот и цементниот сектор. Од први јануари, фирмите од државите што не се членки на Европската Унија ќе треба да плаќаат такса за загадување за извезените производи согласно нивото на т.н. јаглероден отпечаток. Министерката за енергетика Сања Божиновска вели дека се уште не се знае како ќе се применува ова правило и колку ќе изнесува оваа такса. Надлежните кај нас интензивно преговараат. Во игра се и одредени изземања, но се ќе биде појасно до крајот на годинава.

Стопанствениците велат дека дека овие барања од ЕУ ќе значат поголеми трошоци за нив. Од друга страна, обврските ќе мора да се исполнат, ако сакаат да извезуваат во ЕУ.

За компаниите што побрзо да ги намалат емисиите на јаглерод диоксид, Министерството за енергетика, Стопанската комора и Европската инвестициска банка промовираа Водич за декарбонизација. Од ЕИБ велат дека расте свесноста за користење зелена енергија. 27% од македонските компании сметаат дека зелените инвестиции можат да ги направат поконкурентни, а 30% дека можат да имаат раст во приходите.

Реклама

Според Извештајот на Светска банка за климатски промени и развој од минатата година, Македонија може да стане земја со нулта емиси,и ако инвестира 5,6 милијарди долари до 2050-та година во декарбонизација на енергетиката, транспортната индустрија и градежниот сектор.