Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Во понеделник ќе се интервјуираат кандидатите за судија во Стразбур, процесот ќе го следат независни набљудувачи

Во понеделник, во Уставниот суд во Скопје, под будното око на јавноста…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во понеделник, во Уставниот суд во Скопје, под будното око на јавноста и независни набљудувачи, ќе се интервјуираат кандидатите за судија што ќе ја претставува Македонија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Комисијата за избор на кандидат на Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) ќе одржи состанок во просториите на Уставниот суд, по што ќе следува втората, клучна фаза од процесот – интервјуирањето на кандидатите.

Она што го издвојува овој изборен процес е нагласениот фокус на транспарентност и јавна отчетност.

Реклама

Комисијата донесе одлука интервјуата да се одвиваат пред независни набљудувачи, како гаранција за фер и објективна постапка.

На настанот се поканети претставници од невладините организации „Коалиција сите за правично судење” и „Македонско здружение на млади правници”, кои ќе го следат целиот тек на интервјуирањето.

Интервјуата ќе се спроведуваат на англиски и на француски јазик, во согласност со практиките и стандардите на Европскиот суд за човекови права.

Кандидатите ќе бидат оценувани според своето познавање на меѓународното право, европските стандарди за човекови права, професионалниот интегритет и комуникациските способности.

На списокот се 11 кандидати — меѓу кои има поранешни и актуелни судии, универзитетски професори и адвокати.

Со ваков пристап, Комисијата, како што посочуваат, има цел да покаже дека изборот на македонскиот претставник во Стразбур ќе биде резултат на јасни критериуми и заслуги, а не на политички влијанија.

Процесот, велат, треба да обезбеди кандидат кој ќе го брани угледот на државата во највисоката европска институција за заштита на човековите права.