Реклама

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Македонија

Салиу: Децата во Шуто Оризари заслужуваат современо и модерно основно училиште

Кандидатот за градоначалник од Демократските сили на Ромите (ДСР), Шабан Салиу, најавува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот за градоначалник од Демократските сили на Ромите (ДСР), Шабан Салиу, најавува силен фокус на образованието, културата и идентитетот на ромската заедница, со порака дека „Шуто Оризари е приказна што ја пишуваме заедно“, стои во соопштението од ДСР.

-Тоа е ромскиот идентитет, тоа е ромската музика, тоа е смеата на децата што трчаат по нашите маала. А нашите деца заслужуваат многу повеќе, порачува Салиу, нагласувајќи дека достоинството на заедницата започнува со квалитетни услови за учење.

Салиу зборува и за својата образовна визија како градоначалник на оваа скопска општина.

Реклама

-Заслужуваат современо и модерно основно училиште — модерни училници, дигитална опрема и услови за квалитетно образование на секое дете. Заслужуваат специјализирани простории за музичка, ликовна и техничка настава. Време е сонот да стане јаве, да стане наше секојдневие — генерација по генерација, порачува Салиу.

Повикувајќи на заедничка одговорност и работа, Салиу истакна: „Драги мои, да покажеме дека Шуто Оризари не моли — Шуто Оризари работи. Тоа е мојата задача. Тоа е нашата победа.“.