Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Амбициозни планови на македонските бизнисмени за следната година – се најавуваат нови инвестиции

Нов инвестициски циклус, за позасилен економски раст. Македонските стопанственици имаат амбициозни планови…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нов инвестициски циклус, за позасилен економски раст. Македонските стопанственици имаат амбициозни планови кои конечно треба да ја позиционираат економијата на брза трака. Пред крајот на 2025, веќе имаат планови за наредната година, која треба да биде една од клучните за исчекор на овој план. Од најголемата бизнис асоцијација во државата, се најавуваат нови инвестиции. Велат дека е дојдено времето да се разговара за двојно поголем економски раст, но за тоа да се случи треба и поголема поддршка од надлежните. Претседателот на Стопанската комора Азески вели дека за државата мора приоритети да бидат зголемување на извозот, поддршка на иновациите и инвестиции во образованието.

Инфраструктурата е најважна за бизнисмените. Тие бараат што побрзо завршување на започнатите проекти за изградба на патиштата и железницата. Тоа ќе значи побрз транспорт на стоки и поголем извоз во странство. Азески вели дека предолго се чекало на овие проекти и многу се доцни. Соседите биле далеку пред нас, особено Косово, кој го реализирал автопатот до македонска граница.

Македонската Влада не ја промени проекцијата за економски раст за годинава од 3,7%. Светска банка очекува 3,1%, а ЕБОР зголемување на економските активности за 3%.