Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Гаши – Хрицова: Унапредување на меѓусебното разбирање и партнерство меѓу Северна Македонија и Словачка

Денес, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, оствари протоколарна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, оствари протоколарна средба со Н.Е. Ивета Хрицова, амбасадор на Словачката Република, пишува во денешното соопштение од собраниската прес-служба.

Претседателот Гаши ѝ честиташе на амбасадорката Хрицова за започнувањето на нејзиниот дипломатски мандат во Македонија и ѝ посака успешна и плодна работа. Тој изрази задоволство од пријателските и блиски билатерални односи меѓу двете земји, нагласувајќи ја континуираната поддршка што Словачка ѝ ја дава на нашата држава во процесот на евроинтеграции и во рамките на НАТО и ЕУ кои остануваат приоритет на Македонија.

Амбасадорката Хрицова изрази благодарност за приемот и истакна дека со задоволство ќе се ангажира во текот на својот мандат на продлабочување на билатералната соработка, особено преку поттикнување на активностите помеѓу пратеничките групи за соработка на двата парламента. Таа најави подготвеност за иницирање на заеднички активности, средби и проекти кои ќе придонесат за унапредување на меѓусебното разбирање и партнерство меѓу Северна Македонија и Словачка.

Реклама

На крајот на средбата Претседателот Гаши уште еднаш истакна дека Собранието на Македонија останува институција со отворени врати за унапредување на парламентарната соработка, дијалогот и пријателството меѓу двете земји.

Соговорниците се согласија дека парламентарната дипломатија претставува значаен сегмент во развојот на односите меѓу двете земји, и изразија подготвеност за понатамошно зајакнување на соработката во културната, образовната и економската сфера.