Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Економија

Извештај на Светска банка: Зголемени проекциите за економски раст на Македонија

Зголемени проекциите за економски раст на Македонија. Во последниот извештај , Светска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зголемени проекциите за економски раст на Македонија. Во последниот извештај , Светска банка предвидува реален раст на БДП од 3,1 отсто во 2025 година и 3% во наредните две години. Тоа е подобрување на проекциите од пролетниот извештај за 0,4, 0,3 и 0,2 п.п. за овие три години. Економските активности треба да бидат поддржан од робусни јавни инвестиции и забрзување на извозот. Светска банка пишува дека растот забрзал на 3,2% поради поголемата домашна побарувачка и силната активност во секторите услуги и градежништво. Ризиците пак вклучуваат слаби јавни и приватни инвестиции, побавна активност кај клучните трговски партнери и континуирана миграција. Банката очекува основната инфлација да падне под долгорочниот просек од 2% до 2027 година.

„РЕИ истакнува позитивни економски перформанси за Македонија. Неговото одржување ќе бара разумно управување со јавните финансии и забрзани реформи – особено во областите на јавната администрација, енергетиката, човечкиот капитал и дигитализацијата“ – вели Керол Мегеванд, менаџер на Светска банка за Македонија.

Банката наведува дека состојбата на пазарот на труд продолжила да се подобрува согласно зголемувањето на производството во првите три месеци од 2025-та. Светска Банка смета дека во Македонија и другите земји од Западен Балкан треба да се поттикне поголемо учество на работната сила.

Реклама

„Економскиот раст во Западен Балкан е проектиран да забрза од 3% во 2025 година на 3,6% во 2027 година. Сепак, за да се одржи растот ќе требаат повеќе и подобри работни места. Пазарот на труд во Западниот Балкан се соочува со уникатни предизвици. Некои сектори не можат да најдат доволно работници, а од друга страна невработеноста останува на високо ниво над 10% и помалку од 55% од луѓето се во работен однос, особено жените, младите и повозрасните лица. Демографските трендови го зголемуваат притисокот. За да забрза растот, државите треба да инвестираат во есенцијални области како што е образованието, здравството, енергијата и транспортот и да ја забрзаат вклученоста во пазарот на труд. Второ, регионот треба да ги зајакне бизнис политиките, трето – мобилизирањето на приватен капитал е витално за модерна и отпорна економија“ – вели Марина Сидаренка – економист на Светска Банка.

Во извештајот, Светска Банка пишува дека повисоките примања на работниците мора да бидат проследени со поголема продуктивност, подобра конкурентност и одржлив раст. Пазарот на труд може да подобри со поттикнување на недоволно искористениот потенцијал на работна сила, фер конкуренција, иновации и промовирање на сектори со повисока додадена вредност. Редовниот извештај за Западен Балкан содржи проекции за регионален раст од 3%, што е за 0,2 процентни поени помалку од пролетната проекција. Растот се предвидува да се зголеми на 3,1% во 2026 и на 3,6% во 2027 година.