Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Димитриевски: Лабудовиќ во Центар ќе биде подобар градоначалник од мене

Лидерот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, во емотивен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лидерот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, во емотивен говор на промоцијата на кандидатурата за градоначалник и советничката листа за Општина Центар, изнесе серија причини и аргументи зошто Мирослав Лабудовиќ е најдобриот можен избор за градоначалник на централната скопска општина.

„Иако можеби сме различни по карактер, јас во секој твој збор се препознавам себе си,“ рече Димитриевски. „Ти посакувам да ја шириш таа твоја позитивна енергија низ Центар, низ центарските маала, па и пошироко за да видат луѓето кој е тој Мирослав Лабудовиќ што ја доби можноста да биде кандидат на ЗНАМ во Општина Центар. Фаворит кој на следните избори ќе оствари извонреден резултат. Сакам да ве уверам сите дека со својата инженерска прецизност, заедно со твојот тим, по четири години ќе бидеш подобар градоначалник од Максим Димитриевски, затоа што сум сигурен дека ќе управуваш успешно и ќе нижеш успеси со општината.“

Димитриевски ги повика присутните на конвенцијата со сета енергија што ја поседуваат да тропнат на вратата на секој дом во Центар и да му дадат поддршка на Лабудовиќ, уверувајќи ги граѓаните дека ЗНАМ го има најдобриот можен кандидат што ќе ја предводи општината во следниот мандат, како и најквалитетните кандидати за советници на нивните листи.

Реклама

„Кандидатите на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија не се борат за власт. Ние се бориме за одговорност, да преземеме одговорност, да управуваме со општините и да работиме во интерес и за доброто на сите граѓани. Затоа што ние сме излезени од народот, работиме за народот и ќе работиме исклучиво за него, а не на кој било друг начин,“ нагласи Димитриевски.

„И јас, продолжи лидерот на ЗНАМ, пред четири години бев отпишан од сите. Првиот ден бев сам, вториот ден бевме двајца, тие двајца вечерва сме јас и Мирослав, а тоа веќе е множина. За една недела тие двајца станаа 700, а за неполни шест недели 56.000, колку што нè поддржаа на минатите избори. Мнозинството е само пат на математичка прогресија. И тоа ќе се случи и во Центар, затоа што Центар и центарци знаат кој е најдобриот кандидат за градоначалник. Тоа е Мирослав Лабудовиќ.“