Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Движење ЗНАМ: Вистинскиот патриотизам се гледа во тоа кој што направил, а Филипче ги распродава државните интереси

Кумовската тајфа денеска во Куманово го прошета нивниот шеф Венко Филипче –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кумовската тајфа денеска во Куманово го прошета нивниот шеф Венко Филипче – човекот со златна виза од Дубаи и најголемиот распродавач на државните интереси. Филипче, без око да му трепне, во стилот на народната „Крадецот вели – држете го крадецот“ искажа еден куп лаги и инсинуации на сметка на лидерот на Движењето ЗНАМ – за наша Македонија и актуелен градоначалник Максим Димитриевски, се вели во соопштението од  Движењето ЗНАМ – за наша Македонија.

Прво, лага е дека пазарот ќе се продава – зборови што ги искажа Филипче додека до него седеа луѓе од СДСМ кои партиски се вработени таму и кои се најодговорни за катастрофалната состојба во која се наоѓа градскиот пазар а денеска еден од нив е носител на нивната листа за советници, други веќе офајдени пензионери а трети среќно вдомени во претпријатието кое влече долгови од периодот кога СДСМ му го одстапи на кадри на ДУИ кападахиски да го управуваат и разграбуваат. Максим Дмитриевски – нема да го продаде пазарот – туку целосно ќе го реконструира и ќе го направи достоинствено место и за продававачите и за купувачите, по пат на јавно-приватно партнерство.

Второ, многу ни е драго што Филипче го спомена и Лидл – тоа е огромна странска директна инвестиција со големо влијание во економскиот живот и во Куманово и во Македонија. И, тука се гледа кој е вистински а кој е лажен патриот. Вистинскиот патриот – Максим Димитриевск носи странски инвестиции во Куманово, а лажниот патриот Венко Филипче заедно со неговиот ментор Зоран Заев ги носи украдените пари од времето кога го „дрмаше“ македоското здравство и инвестираат заедно во Дубаи. Впрочем и јавноста имаше можност да види како заедно се забавуваат во еден од најекслузивните светски центри.

Реклама

Движењето ЗНАМ – за наша Македонија и Максим Димитриевски се автентична политичка сила која за неполни две години покажа дека прераснува во незаобиколен фактор на одлучување за сите важни државни прашања. Ние не ги распродаваме националните и државните интереси, ние не си играме со македонските „црвените линии“‘ во спорот со Бугарија како со гума за џвакање, ние не го уништуваме македонскиот национален идентитет. Ние сме се и правиме се спротивно од тоа. Тоа го докажавме во претходните години во Куманово и во владата, откако сме дел од неа. И, затоа ќе победиме и во Куманово и во Центар и насекаде каде имаме кандидати за совдетнички листи.

А, Венко Филипче нека не се надева на некаков си успех на локалните избори. СДСМ ќе дожпивее катастрофален пораз, по кој тој најверојанто ќе се подготви за итно бегство од државата за да не заврши в затвор.