Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

СПМ: Лидерите на СДСM и ДУИ нудат безобѕирна реторика

Социјалистичката партија на Македонија не е изненадена од безобѕирната реторика што деновиве…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Социјалистичката партија на Македонија не е изненадена од безобѕирната реторика што деновиве ја нудат лидерите на СДСM и ДУИ во предизборните настапи и говори, наведува СПМ во соопштение.

Наместо предлози, проекти и визија за иднината на земјата и на граѓаните во локалните заедници тие предлагаат насоки за уништување, раздор и поделба на државата. Наратив кој е добро познат на македонската јавност.

Со празни и дрски говори и настапи, без идеи и најави за раст и развој, тие се натпреваруваат кој полошо да каже и да ја навреди државата и народот во Македонија.

Реклама

Со безобѕирни лаги и клевети се трудат да го свртат вниманието од криминалите и злоделата што ги правеа и кои се уште се обидуваат да ги прават и да не одговараат.

Прочитани се СДСM и ДУИ и не можат да очекуваат доверба за лица и партии кои немаат знаење и капацитет да управуваат, но затоа се вешти во манипулациите и лажењето на граѓаните.
Сведоци сме на целосно антимакедонско разголување и партиска демонтажа на политички опции во распаѓање.

Социјалистичката партија на Македонија повикува на масовна излезност и поддршка на единствената и вистинска Македонска опција „Твоја Македонија“, Коалиција која единствено се потврди со остварени проекти и политики во интерес на граѓаните и државата.