Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Николоски: ДУИ уште сонува дека може да ги диктира политичките услови во Македонија, а ќе остане во длабока опозиција

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на вечерашниот митинг во Кавадарци во рамки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на вечерашниот митинг во Кавадарци во рамки на кампањата за локалните избори меѓу другото се осврна и на актуелните политички теми.  Николоски говореше за како што ги нарече црните и очајни коалиции, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.  

„Доаѓајќи накај Кавадарци забележав дека се интензивира црната негативна кампања од нашите политички опоненти коишто се здружија со својата немоќ, се здружија свесни дека народот не ги сака и не ги почитува. Ова не се први избори на кои излегуваме, но можам да ви кажам дека вака рано, ваква црна кампања до сега не се случила, што само говори за очајот од една страна на СДСМ, која што нема никаков концепт и воопшто не се реформира и не ги учи грешките од минатото и од минатогодишниот пораз. Од друга страна ДУИ која што се уште сонува дека може да ги диктира политичките услови во Македонија, а во суштина се длабока опозиција и ќе останат длабока опозиција после овие избори. И од трета страна Левица, која целосно се изгуби во една негатива и црна кампања, оние коишто се претставуваа себеси за најголеми патриоти, сега се слуги на ДУИ и на Али Ахмети, оние кои што се претставуваа за скромни, плачат четири, пет дена пари колку да земеле од државата. И сега трите обединето водат црна кампања“, кажа Николоски.

Николоски ги повика граѓаните да не подлегнат на нивната црна кампања и народот да не се демотивира, затоа што како што вели „не сме сите исти“. Николоски посочи дека за да ставиме точка на таа црна и очајна коалиција на СДСМ-ДУИ и Левица на 19 октомври масовно треба да се на гласање.

Реклама

„На 19 октомври треба да се даде поддршката за кандидатите за градоначалници и листите за советници на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што разликата е многу голема“, заклучи Николоски.