Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

ВРЕДИ: Бујар Османи поминал повеќе од 10 години на власт, но ниту еден ден за Чаир

Сабри Азири, портпарол на изборниот штаб на кандидатот за градоначалник на Општина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сабри Азири, портпарол на изборниот штаб на кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, на прес-конференција појасни за сите оние кои не знаеле, политичката кариера на Бујар Османи и отсуството на резултати за граѓаните на Чаир, се вели во соопштението од ВРЕДИ.

Според Азири, Бујар Османи поминал 3.672 дена на високи државни функции, и тоа како вицепремиер и министер.

Министер за здравство (27 јули 2008 – 28 јули 2011) → 1.096 дена
Вицепремиер за европски прашања (31 мај 2017 – 30 август 2020) → 1.187 дена
Министер за надворешни работи (30 август 2020 – 23 јуни 2024) → 1.389 дена
Претседавач со ОБСЕ (1 јануари 2023 – 31 декември 2023) → 365 дена

Реклама

Вкупно: 10 години и 22 дена на министерски и извршни позиции.

„Но, во текот на сето тоа време, ниту еден ден за чаирчани“, нагласи Азири.

Тој посочи неколку факти кои, според него, ја покажуваат хипокризијата на Османи.

Нула дена за чаирчани – два дена со Сергеј Лавров во Скопје. Нула дена за чаирчани – една недела со Никола Груевски во Будимпешта. Нула вработувања за чаирчани – додека сопругата е вработена во АЕК, сестрата во М-НАВ, а бизнисот на братот на Османи напредува.

„Ова е реалниот биланс на Бујар Османи по повеќе од една деценија на власт. Затоа, денес тој нема образ да им ја побара довербата на граѓаните на Чаир“, заклучи Азири.