Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Ѓорѓиевски и Митески остварија средба со „Мобилност“ – најголемото македонско здружение на лица со попреченост

На покана на кандидатот за градоначалник на Скопје номиниран од ВМРО-ДПМНЕ, Орце…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На покана на кандидатот за градоначалник на Скопје номиниран од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски и в.д. градоначалник на Општина Аеродром, Дејан Митески, се оствари средба меѓу нив двајца и претставници на најголемото македонско здружение на лица со попреченост, „Мобилност Македонија“, поточно скопскиот огранок.

Ѓорѓиевски, пред сѐ, ги покани своите соговорници, да даваат свои идеи и предлози, покрај другите здруженија со коишто, како досегашен градоначалник на Кисела Вода, соработува активно, како што е Здружението на родители на деца со церебрална парализа. Тој предочи дека работејќи заедно, пристапноста до шалтери, и воопшто – до јавните установи, може да се подобри, бидејќи тоа се „ситни потфати“ коишто на граѓаните со попреченост многу им значат.

– Целта мене ми е да направиме инклузивен град кајшто сите ќе имаат еднакви права и можности. Така, парковите што ќе ги правиме, јавните објекти, итн. ќе бидат во тој дух. Јас ќе барам само ваша логистичка поддршка т.е. потсетување кога, некогаш, ете нешто ќе заборавиме… Зашто, знаете – ние ќе бидеме потрупани со проекти, изјави Ѓорѓиевски.

Реклама

Митески ги презеде истите задачи и потфати типични за Аеродром. Тие ветија и поредовна и поблиска комуникација со граѓаните со попреченост.

Граѓаните побараа – во иднина, пристапноста до зградите, јавните, деловните и станбените објекти, да биде не препорачана, туку законски обврзувачка и задолжителна.

Беа спомнати и нередовните автобуси, како и несакањето на управувачот на возилото да ја спушти рампата заради пристап за лице со ортопедска количка или какво било друго помагало. Ѓорѓиевски рече дека сѐ тоа спаѓа во правилата што во иднина ќе мора да се почитуваат.

– Има нови автобуси коишто седат по паркинзи – 60 возила коишто се подобри од сегашниве, но некој не сака да потпише лиценца и тие да бидат пуштени во промет, појасни Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека почитувањето на правилата и прописите мора да се преточи во систем, како и почитувањето на надлежностите на првиот човек на општината, кој мора да ги заштити своите граѓани пред сѐ. На крајот здружението „Мобилност“ ги повика граѓаните со попреченост да им се обратат, да си ги кажат своите проблеми коишто (најверојатно еднаш месечно), систематизирани ќе му бидат пренесени на новиот градоначалник.