Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Штипската Клиничка болница доби ново амбулантно возило

Ново амбулантно возило доби Клиничка болница – Штип. Станува збор за возило,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ново амбулантно возило доби Клиничка болница – Штип. Станува збор за возило, кое е донација од штипска општествено одговорна компанија и ќе се користи за потребите на болницата. Директорот на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев на денешната прес-конференција рече дека со зацврстување на соработката меѓу болницата и приватниот сектор сите придонесуваат за подобро здравство.

-Овој гест од приватна фирма е подадена рака за подобра соработка да имаме ние вработените и приватниот сектор со што се добива поквалитетно здравство. Ова не е помош, ова е донација, добар чин каде секој се грижи за поквалитетен живот, рече Захариев.

Посочи дека ова е седмо возило во возниот парк на болницата, кое ќе се користи за транспорт на пациенти. Возилото мерцедес ќе се стави во функција веднаш и ќе користи за потребите на болницата и нудење подобри услови за пациентите од Штип и регионот.

Реклама

-Во моментот санитетски возила за транспорт на пациенти од овој тип и некои помали – имаме пет во функционална состојба, ова е седмо. Поновите се од 2021 година. Ова комбе, санитетско возило, е за транспорт на пациенти, кои ги имаме од Штип и регионот кои се повредени или им е потребен транспорт од други земји, изјави Захариев.

Тој додаде дека со донации се набавени и апарати во болницата, уредени се простории и подобрени се условите за сите пациенти.