Реклама

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Македонија

Современо мултифункционално игралиште во Теарце – нова инвестиција на Министерството за спорт во локалната спортска инфраструктура

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска го означи стартот на комплетната реконструкција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска го означи стартот на комплетната реконструкција на мултифункционалното игралиште во општина Теарце.

Овој проект претставува уште една инвестиција на Министерството за спорт во изградба и реконструкција на спортската инфраструктура низ целата држава. Новиот спортски комплекс ќе располага со фудбалски терен, терен за кошарка и фитнес зона на отворено, создавајќи простор за спорт и рекреација достапен за сите генерации.

-Нашата цел е спортот да биде достапен за секого – и во малите и во големите општини. Со изградбата на вакви мултифункционални игралишта им овозможуваме на младите и на сите граѓани да ја развиваат својата спортска активност во современи услови. Верувам дека токму ваквите вложувања ќе придонесат спортот и физичката активност да станат секојдневна навика и начин на живот, истакна министерот за спорт, Борко Ристовски.

Реклама

Министерството за спорт во изминатите 15 месеци изгради и обнови повеќе од 30 мултифункционални игралишта низ целата држава. Програмата продолжува и во наредниот период, кога ќе бидат реализирани нови проекти за изградба и реконструкција на современи спортски терени, со јасна цел – спортот да биде достапен за сите граѓани во секој град и во секоја општина.