Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Меџити: Чаир со новиот модерен булевар станува центар на развојот на Скопје

Во рамките на ангажманите за еден модерен и функционален Чаир,  кандидатот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамките на ангажманите за еден модерен и функционален Чаир,  кандидатот за градоначалник на оваа општина од редовите на владејачката коалиција ВЛЕН, г. Изет Меџити, денеска го претстави пред граѓаните еден од приоритетните проекти од неговиот мандат, се наведува во соопштението од ВЛЕН.

По завршувањето на булеварот „Цветан Димов“, во првата година од мандатот е предвидено започнување со трансформација на улицата „Мид’хат Фрашери“ (поранешна „Македонско-Косовска Бригада“) во модерен булевар, со должина од 1.850 метри и профил од 25 метри, во тесно партнерство со Град Скопје.

Оваа капитална инвестиција ќе донесе 4 модерни коловозни ленти за побрз и побезбеден сообраќај, патеки за велосипеди и пешаци, зелени површини кои ќе го подобрат квалитетот на животот и урбаната естетика.

Реклама

Според Меџити, овој булевар ќе биде важна артерија која ќе го поврзе Чаир со улицата „Џон Кенеди“, нудејќи им на студентите полесен пристап до универзитетите, како и зајакнување на врската помеѓу Центарот на Скопје, Чаир и Шуто Оризари.

Во следната фаза, проектот предвидува целосна трансформација на улицата „Џон Кенеди“ во модерен булевар, со што ќе се изгради нов современ урбан прстен кој ќе го постави Чаир во центарот на инфраструктурниот развој на Скопје.

„Овој проект не е само асфалт и бетон. Тоа е нашата визија за еден поразвиен, побезбеден Чаир, поблиску до европските стандарди. Тоа е доказ дека кога Чаир се води со посветеност и визија, секое ветување се претвора во реалност“, изјави кандидатот на ВЛЕН за градоначалник на Општина Чаир, г. Изет Меџити.

Општина Чаир и коалицијата ВЛЕН остануваат решени да носат конкретни проекти што го менуваат животот на граѓаните, докажувајќи дека Чаир секогаш знае да биде предводник на развојот и пример за доброто.