Реклама

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Македонија

Прв академски час на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“

На Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип денеска се одржа првиот академски час за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип денеска се одржа првиот академски час за над 1.500 студенти кои се запишаа во прва година на еден од 12 факултети и трите академии. Ректорот на УГД-Штип, Дејан Мираковски истакна дека студентите на овој Универзитет можат да учат од најмодерни библиотеки, во најмодерни лабаратории, да бидат дел од меѓународни размени и да добијат европска диплома.

-Ме радува што во уште во првиот уписен рок над 90% од запишаните студенти го избраа нашиот Универзитет. Што значи Универзитетот „Гоце Делчев“ станува прв и препознатлив избор за високото образование. На студентите ќе им посакам многу успех, во учењето да бидат свои, да бидат истрајни се надевам дека Универзитетот заедно со сите професори и вработени ќе им биде поддршка во патот, кој ги очекува, вели Мираковски.

Прашан што нуди штипскиот Универзитетот преку зачленувањето во една од европските Алијанси, во која членуваат повеќе Универзитет од неколку европски земји, Мираковски вели дека на студентите им овозможува многу висок степен на мобилност.

Реклама

-Тоа ќе им овозможи многу поголема отвореност, достапност до европските Универзитети, до формите на образование коишто ги нудат Универзитетите, кои се партнери во Алијансата. Дополнотилно правиме исчекор и во лабараториските услови, вели Мираковски.

Тој додава дека УГД-Штип е и меѓу 30 Универзитети во Европа, кои од Европската комисија е прогласен како шампион за иницијативи за мобилност.

УГД-Штип на трите циклуси на студии има околу 8.000 студенти, а првиот академски час се одржа денеска на штипскиот Економски факултет