Реклама
Македонија

Девојката Мелани, една од најтешко повредените од дискотеката „Пулс“, замина дома

18-годишната Мелани Тасева од Скопје, една од најтешко повредените жртви во трагичниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

18-годишната Мелани Тасева од Скопје, една од најтешко повредените жртви во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, по повеќе од шест месеци болничко лекување конечно се врати дома.

Несреќата остави длабоки последици врз младата девојка – животозагрозувачка состојба, бројни изгореници и интоксикација со гасови. Заради сериозноста на повредите, Мелани првично била хоспитализирана во приватната болница „Жан Митрев“, а потоа префрлена во Воено-медицинската академија во Белград. По третманот таму, се вратила во „Жан Митрев“, но поради влошување на состојбата, во крајно тешка општа состојба на 5 мај била префрлена во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ за понатамошен третман.

Во тешка здравствена состојба, поминала цели 139 дена, борејќи се и таа и целиот тим во болницата за закрепнување – ден по ден, чекор по чекор. На 19 септември, по половина година низ болнички ходници, интензивна нега и несебична поддршка од лекарите од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и семејството – Мелани се врати дома.