Реклама

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Македонија

ДУИ: Дури ниту поранешните поддржувачи не одговорија на повикот на ВРЕДИ

Промотивната конвенција на коалицијата ВРЕДИ, одржана синоќа во салата „Борис Трајковски“ во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Промотивната конвенција на коалицијата ВРЕДИ, одржана синоќа во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, јасно го покажа политичкиот реалитет: не само што граѓаните не им веруваат, туку и нивните поранешни поддржувачи ги напуштија. И покрај разулавената пропаганда и нелегалните притисоци од власта, салата остана со празни седишта, додека вистинската жива атмосфера чукаше низ чаршии – од Скопје и Куманово, во Гостивар, Тетово, Кичево па сè до Струга, се наведува во соопштението од ДУИ.

Народот не одговори на повикот да поддржи проект кој веќе ја изгуби секоја кредибилност и се претвори во голема измама. Причината е јасна: ВРЕДИ не исполни ништо, апсолутно ништо од дадените ветувања. Од големите изборни зборови, денес останаа само разочарување и разобличени лаги:
• Ветуваа 2.500 вработувања – граѓаните добија нула.
• Ветуваа 10.000 евра за секој граѓанин – граѓаните добија нула.
• Ветуваа Албанска академија на науките – го донесоа Додик и српските донации.
• Ветуваа албанска банка – донесоа српска банка.
• Ветуваа уставни измени и европска интеграција – го донесоа „српскиот свет“.
• Ветуваа национални програми – го донесоа српскиот МТЕЛ.
• Ветуваа почитување на Охридскиот договор – го предадоа во рацете на путинистот Иван Стоилковиќ.

Бледата конвенција на ВРЕДИ е најјасната фотографија на нивниот неуспех. Албанците веќе ја донесоа својата одлука: тие повеќе не им веруваат, ги напуштија и ги гледаат токму такви какви што се – како огранок на ВМРО кај Албанците.

Реклама

На 19 октомври, граѓаните со глас ќе го заверуваат овој вердикт: ВРЕДИ е измама, е „политичкиот франкенштајн“ на Мицкоски, додека ДУИ останува единствената адреса на Албанците за силно, достоинствено и европско претставување.