Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Тозиевски: Ресен и Преспа ќе ги градиме како економски силен регион преку нови урбанистички планови за викенд населбите и инвестиции во овоштарството

На денешниот митинг во општина Ресен, кандидатот за градоначалникот Јован Тозиевски посочи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешниот митинг во општина Ресен, кандидатот за градоначалникот Јован Тозиевски посочи дека се реализирани 170 проекти во сите области спрема потребите на граѓаните на Ресен и Преспа и даде краток осврт на тоа што е сработено изминативе 4 години и кои се клучните проекти кои ќе се реализираат понатаму, во периодот што следи.

„Асфалтиравме околу 23 километри локални и селски патишта, на 50 локации низ Преспа, Во однос на социјалната заштита: воведовме еднократна помош за новородено дете, првачиња и средношколци во нашата општина, и дадовме еднократна помош на лица од социјално-загрозени семејства. Во следниот период од 4 години, за  економски силна општина, урбанистичко планирање за градот и дел од селата, како и урбанистички планови за туристичките и викенд населбите Претор, Стење, Отешево и Царина, поддршка на овоштарството и земјоделието преку современи агротехнички практики и иновативни решенија, поддршка на малите и семејни бизниси за нови вработувања и развој на локалната економија“, рече Тозиевски.

Кандидатот за градоначалник на општина Ресен, Тозиевски ги истакна приоритетните проекти кои ќе бидат реализирани во наредните 4 години, како инвестиции во патна и водоводна инфраструктура, инвестиции во образованието, дигитализација на јавни услуги, поддршка на спортски клубови и урбанистичко планирање за градот и дел од селата за економски силни општини.

Реклама

„Како приоритетни проекти на општината би ги издвоил: реконструкција на градскиот плоштад, обнова и реконструкција на скијачкиот центар Галичица, изградба на обиколница околу Ресен, изградба на катна гаража, изградба на канализациони и водоводни мрежи во населените места каде тоа не беше направено досега. Во однос на водоводната инфраструктура ќе биде изграден нов цевковод од изворот во с. Крушје до градскиот резервоар, реконструкција и модернизација на училиштата, дигитализација на повеќе јавни услуги, туризам и културно наследство, ќе вложуваме и во локалниот туризам, изработка на физибилити студија со соработка на домашни и странски експерти за заштита на Преспанското езеро кон долгорочно управување со овој уникатен екосистем“, вели Тозиевски, кандидат за градоначалник на општина Ресен од ВМРО-ДПМНЕ, чиј слоган е Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!.