Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да престане со собирање политички поени на најголемата трагедија која ја потресе Македонија

Нечовечноста на СДСM повторно на виделина, веднаш да престанат со собирање политички…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нечовечноста на СДСM повторно на виделина, веднаш да престанат со собирање политички поени на најголемата трагедија која ја потресе Македонија.

СДСM и човечност се два различни поими. 

Дојдоа на власт со собирање на политички поени на сметка на трагедии, на сметка на семејствата кои жалеа и имаа надеж дека СДСM ќе ги реши нивните случаи, дека СДСM ќе им донесе правда, дека СДСM ќе им ја обелодени вистината. 

Реклама

Ништо од тоа не се случи, семејствата на загинатите, повредените, беа заборавени, не добија правда, не добија одговори, не добија надеж. СДСM си играше со човечките судбини за да дојде и опстане на власт. 

Нема да дозволиме играње со човечки судбини за дневни политички цели. ВМРО-ДПМНЕ не е ни судија, ни обвинител, ни инспектор, ниту пак е орган кој може истото да го направи. 

Повторно потсетуваме и нема да се повторуваме. Секој којшто директно или индиректно има удел за настанатиот пожар во Кочани, а за тоа има докази, треба да одговара. И стоиме зад ова. Без разлика на етничка, партиска или национална припадност.