Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Азири: Бујар Османи треба да одговори колку денови вкупно ги поминал со граѓаните на Чаир за време на неговите мандати во владите на Груевски и на СДСМ

Сабри Азири, портпарол на Локалниот штаб на коалицијата ВРЕДИ во Чаир, денес…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сабри Азири, портпарол на Локалниот штаб на коалицијата ВРЕДИ во Чаир, денес го критикуваше кандидатот на опозицијата за општина Чаир, Бујар Османи, за недостаток на реален интерес кон граѓаните и за преголем фокус на прашања кои се надлежност на централната власт, се вели во соопштението од ВРЕДИ.

-Кандидатот на опозицијата за општина Чаир, Бујар Османи не го интересираат жителите на Чаир, нив ги доживува како алатка за остварување на личните цели. Тој ниту ги знае точните надлежности на општината, ниту може да ги препознае вистинските потреби на граѓаните. Затоа највеќе сака да зборува за теми од надлежност на централната власт, рече Азири.

Како пример, тој го наведе начинот на кој Османи зборува за албанското обединување во 90-тите години и за политичките активности во 90-тите и во 2001 година, како да бил директно вклучен, иако во 1991 година имал само 11 години, а во 2001 само 21 година.

Реклама

-За жал неговите амбиции очигледно го тераат количината на измислици што секојдневно ги пласира да добиваат размер на епски лаги. Еден пример е кога зборуваше за албанското обединување во деведесетите години на минатиот век и даваше оценки како да бил директен учесник. Бујар во 1991 имал 11, а во 2001 21 година, а без никаков срам  говори како да бил
активен во процесите на етаблирање на албанската политичка сила и во УЧК. Опседнатоста на Бујар себеси да си дава некакви историски улоги ги загрижува и неговите најблиски соработници кои се повеќе се сомневаат во исправноста  на неговите проценки. Вакво потценување на интелигенцијата на Албанците не е видено во поновата политичка историја, додаде
портпаролот на Локалниот штаб на ВЛЕН во Чаир.

Азири предупреди дека нема да биде изненадување ако Османи тврди дека бил дел од претседателскиот кабинет на Ибрахим Руговa во Косово.

-Нема да не зачуди ако следно каже дека бил и во претседателскиот кабинет на Ибрахим Ругова на Косово.  Затоа, ваквите интересџии како Бујар, ќе бидат збришани на локалните избори. Конечно, нека одговори Бујар Османи колку дена вкупно поминал со граѓаните во Чаир за време на неговите мандати во владите на Груевски и СДСМ за да има образ сега да
ја бара нивната доверба?, зaклучи Азири.