Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Повторно протестираа вработените во „Паркови и зеленило“,„Флораком“ и „Луна“ , од утре најавуваат радикализирање на протестите

Вработените од  ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје и од друштвата со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вработените од  ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје и од друштвата со ограничена одговорност „Флораком“ и „Луна“, кои се фирми-ќерки на ова претпријатие, денеска повторно излегоа на протест зошто се уште не им е исплатена августовската плата. Од утре најавуваат порадикални протести и блокади на повеќе кртосници во главниот град. 

– Согласно нашето барање изнесено на вчерашниот протест од страна на раководството на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје не беше исплатена платата за август, која законски требаше да биде исплатена до 15 септември. За жал по информациите кои ги добивме изгледите за да се исплати денес плата на вработените од овие фирми се мали и затоа ние како Синдикат СУТКОЗ, кој е единствен репрезентативен синдикат за комунални дејности, заедно со нашата синдикална организација во ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје и вработените во овие три фирми утре повторно ќе излеземе на протест, кој ќе биде порадикален. Ќе бидат блокирани повеќе кртосници на територија на Град Скопје, а тоа ќе го договориме со вработените во овие три претпријатија, изјави за МИА претседателот на Синдикатот на СУТКОЗ (Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално – станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на Република Македонија) Стојанче Кашиковски.

Тој информира дека како синдикат заедно со стручниот тим во ЈП „Паркови и зеленило“ иницирале да се изнајде нов модел за финансирање на претпријатието, по искуствата од соседните земји.

Реклама

– Тоа планираме да го изработиме како документ во наредните две недели. Со оглед на тоа дека има локални избори на 19 октомври, планираме нашите предлози на 15 или 16 октомври да ги изнесеме во јавност и да побараме од идниот градоначалник, без разлика кој ќе биде, да го земе тоа предвид како начин за финансирање на ова претпријатие и на фирмите „Флораком“ и „Луна“. Гледаме дека досегашниот начин на финансирање гледаме дека придонесува за нередовна исплата на платите, додатоците на плата, како и потешкотии во функционирањето на претпијатието, рече Кашиковски.

Најави дека дополнително ќе информираат за улиците кои утре ќе бидат блокирани.

Вработените од  ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје, „Флораком“ и „Луна“ вчера два часа го блокираа булеварот „Илинден“ поради нередовна исплата на плати и неисплата на додатоци на плати, како отпремнина за оние што одат во пензија, регрес, К-15, јубилејни награди.