Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Одложен изборот за прв човек на Советот на ЈО, не сакале да бидат мета на политичка кампања за изборите

Се одложи изборот за нов претседател на Советот на јавни обвинители.Членовите не…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се одложи изборот за нов претседател на Советот на јавни обвинители.
Членовите не сакале изборот да биде мета на политичката кампања за изборите, па нов човек на институцијата ќе бирале откако ќе заврши целиот изборен процес. Едногласно ја донесоа таа одлука, а се сложи и републичкиот обвинител Љупчо Коцевски, бидејќи, како што кажаа, секогаш правосудството било мета во предизборие.

Во меѓувреме, медиумите објавија текстови за местење на целиот процес. Наводно, за нов претседател треба да биде изгласан Башким Бесими, кој е стрико на поранешниот министер за финансии од редовите на ДУИ, Фатмир Бесими. Како што објавија некои медиуми, кадри блиски до СДСМ и до ДУИ кои се дел од Советот на јавните обвинители, лобираат да се случи тој избор со цел заташкување на предметите кои се веќе отворени за Артан Груби и за Перпарим Бајрами, но и за модуларната болница, случај во кој првостепено е осуден екс директорот Флорин Бесими, внук на обвинителот Башким Бесими и брат на поранешниот министер за финансии Фатмир Бесими.

Според натписите, и државниот обвинител Љупчо Коцевски активно лобирал кај членовите на Советот да гласаат Башким Бесими да биде избран за прв човек на оваа институција.