Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Економија

Владата се фокусира на инфраструктурата – стабилен економски раст и повисоки плати

Што побрзо финишираат инфраструктурните проекти, толку поголем ќе биде економскиот раст. Бизнисот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Што побрзо финишираат инфраструктурните проекти, толку поголем ќе биде економскиот раст. Бизнисот бара изградбата на патишата и пругите да биде приоритет за власта, а овие проекти да се завршуваат во предвидените рокови. Најавите дека догодина ќе продолжи изградбата на автопатот од Скопје до Блаце и ќе стартува брзата пруга Табановце – Гевгелија се клучни за стопанствениците. Велат тоа ќе го забрза транспортот на стоки, ќе го олесни водењето бизнис, ќе ја зголеми трговската размена.

Според последните статистички податоци, индустриското производство во првите 8 месеци пораснало за 2,2%. Кај преработувачката индустрија, зголемувањето е 3,8%. За бизнисот, достижни се амбициите за економски раст од над 3%, како што предвидува Европската банка за обнова и развој. Според Сојузот на стопански комори, поголем раст е можен ако повеќе се обрне внимание на стимулирање на микро, малите и средни претпријатија.

Кога расте економијата, се зголемуваат и примањата на работниците. Просечната нето плата во земјава достигна 736 евра. За 12 месеци, платите се покачиле за речиси 5 илјади денари или за 10 и пол отсто. Тоа е шести најголем пораст на примањата во Европа. Од октомври и пензионерите ќе добијат плус илјада денари линерно зголемување. Со ветените уште илјада денари на пролет, највозрасната категорија граѓани, ќе има плус 7 илјади денари покачување на примањата за 18 месеци.