Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Шукова: Оние кои четири години го блокираа БРТ, сега го нудат како решение

Во текот на изминатите недели, во мојата програма за Град Скопје јавно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во текот на изминатите недели, во мојата програма за Град Скопје јавно и транспарентно ги претставив проектите и визијата што го враќаат нашиот град на патот на вистинскиот урбан развој. Еден од клучните проекти е враќањето и модернизацијата на БРТ системот брз, ефикасен и одржлив јавен превоз, којшто Скопје одамна го заслужува, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.

Синоќа, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го најави токму истиот проект како дел од програмата на мојот политички противкандидат Орце Ѓорѓиевски.
Оние што четири години го блокираа БРТ денес го нудат како свое решение. Тоа не е визија. Тоа е лицемерие.

И додека тие се обидуваат да рециклираат идеи кои до вчера ги саботираа, скопјани добро знаат кому можат да му веруваат. Јас стојам зад секој проект што сме го понудиле со анализа, рокови и план за реализација.
Добро е што конечно ВМРО-ДПМНЕ разбираат дека Скопје има потреба од реални решенија. Но граѓаните нема да заборават кој ги кочеше проектите.

Реклама

Идеите може да се копираат, но капацитетот, кредибилитетот и чесноста не се копираат. Скопје не смее да стане заложник на предизборни пресвртни лаги. Скопје заслужува лидер со визија, а не маркетиншки кампањи без покритие.