Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Касами: Вториот мандат ќе биде за урбаната и инфраструктурната трансформација на Тетово

Градоначалникот на Тетово Биљал Касами ја презентираше платформата за работа доколку го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Тетово Биљал Касами ја презентираше платформата за работа доколку го добие вториот мандат. Тој на прес-конференцијата рече дека првиот мандат бил наменет за итни интервенции, решенија за елементарни проблеми и регулирање на основната инфраструктура.

-Подготвени сме да го однесеме Тетово на друго ниво, со Второто поглавје за развој. Бидејќи Тетово не смее да се врати во ерата на анархија, хаос, лошо управување и корупција. Тетово мора да продолжи да се развива уште побрзо. Затоа, со задоволство ви го претставувам деталниот план, со конкретни проекти и мерки, за продолжување на овој развој, рече Касами.

Тој посочи дека имал многу консултации со соработници, експерти, граѓани, бизнисмени, невладини организации, млади луѓе со цел ја изготвив програмата за вториот мандат. Сппоред него сега ќе се води Тетово кон трајни стандарди наместо кон привремени решенија. Предизборна платформа е документ базиран на стратегии составени од релевантни експерти и институции.

Реклама

-Второто поглавје ќе биде и поглавје на урбаната и инфраструктурната трансформација на Тетово. Тетово станува компактен, поврзан и зелен град. Го одобруваме Генералниот урбанистички план 2025–2035, пакет детални урбанистички планови од центарот до стадионот и по должината на булеварите Илирија и Илинден, планови за Попова Шапка, Урбан блок 57, Спортскиот центар и трговскиот центар. Ги забрзуваме процедурите за издавање дозволи, го градиме Плоштадот со подземен паркинг, ги завршуваме главните булевари, патните врски со селата и пешачките подвозници. Жичницата Тетово–Лисец–Попова Шапка станува реалност во соработка со Владата, посочи Касами.

Тој истакна дека животната средина исто така ќе биде во нивниот фокус со проширување на зелените површини, создавање зелен катастар, садење на 5.000 нови садници, енергетска ефикасност во јавните згради и зелена инфраструктура и друго.