Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Изгаснат пожарот во депонијата во Арачиново

Целосно е изгаснат пожарот во депонијата близу Арачиново, покрај стариот пат кон…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Целосно е изгаснат пожарот во депонијата близу Арачиново, покрај стариот пат кон Куманово, што изби вчера доцна попладне.

„По неколкучасовно гаснење со специјална пена, скопските пожарникари успеаа целосно да го изгаснат огнот во депонијата, иако сè уште може да се забележи чадење од неколку места,“ информираат од Дирекцијата за заштита и спасување.

Директорот на Дирекцијата, Стојанче Ангелов, изјави дека и овој пожар бил подметнат. Скопските пожарникари, кои пристигнале да го изгаснат огнот, ја затекнале вратата на депонијата отворена и пронашле поголема количина на пакуван сончоглед кој горел со силен пламен, но и други горливи производи.