Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Институционална војна поради ѓубрето: Oпштина Aеродром и Град Скопје со кривични пријави против „Комунална хигиена“

Додека главниот град со денови е затрупан во ѓубре, надлежните институции со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Додека главниот град со денови е затрупан во ѓубре, надлежните институции со кривични пријавија префрлаат обврската еден на друг.

Општина Аеродром поднесе кривична пријава против Јавното претпријатие „Комунална хигиена – Скопје“ за загрозување на животната средина, бидејќи десет дена не се собирал отпадот на повеќе локации во општината. Пријава следеше и од Град Скопје – кон раководни лица во претпријатието.

„Свесни сме дека поради оваа вонредна ситуација можеби беа запоставени редовните активности: чистење на плочници, тротоари и сервисни улици, косење, гребење и уредување на зеленилото, празнење на кантите за џебен отпад, собирање на лисја, гранки и на неколку места и кабаст отпад“, соопштија од Општина Аеродром. Тие им се извинија на жителите на општината за непријатностите и информираат дека пријавата е поднесена и до МВР и до Основното јавно обвинителство Скопје.

Реклама

„Ова не е само прашање на отпад, ова е прашање на достоинство, здравје и иднина“, децидни се од Општината.

На иницијативата на Општина Аеродром, со кривични пријави да се бара решение за ѓубрето во Скопје, се приклучи и Град Скопје. Градоначалничката Данела Арсовска поднесе пријава против претседателка на Управниот одбор на претпријатието за загрозување на животната средина.