Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ со седум пати поголема доверба од СДСМ, 28.1% наспроти 4%

ВМРО-ДПМНЕ има неколкукратно поголема поддршка од СДСМ на помалку од еден мeсец…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВМРО-ДПМНЕ има неколкукратно поголема поддршка од СДСМ на помалку од еден мeсец пред локалните избори. Најновата анкета на Институтот за политички истражувања – Скопје, спроведена за потребите на МРТ, јасно ја потврдува сликата што одамна се наѕира. ВМРО-ДПМНЕ има убедливо водство пред СДСМ и се позиционира како апсолутен фаворит и тоа со разлика 7 спрема 1.

Телефонската анкета спроведена со 1.000 испитаници покажува дека дури 28,1% од граѓаните се уверени дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, оставајќи ги далеку зад себе сите други политички опции. Националната алијанса за интеграција бележи 8,8%, коалицијата Вреди 8,1%, СДСМ едвај 4%, Левица 2,4%, а движењето ЗНАМ 2,3%. Уште посилна порака испраќаат граѓаните прашани која партија најдобро би се справила со проблемите во нивната општина – и тука ВМРО-ДПМНЕ е прва со 23,6%, додека сите останати се под 10%.