Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Прилози

ДИК го заклучи избирачкиот список – право на глас имаат 1 832 415 избирачи

Државната изборна комисија го заклучи избирачкиот список. На осмите по ред локални…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државната изборна комисија го заклучи избирачкиот список. На осмите по ред локални избори од независноста на Македонија право на глас имаат еден милион 832 илјади и 415 избирачи. И оние кои се на привремена работа или престој во странство, а такви се 112 илјади изборачи, повеќе од 2000 затвореници и 450 избирачи од домовите за стари лица на овие избори ќе имаат право на глас.

„ Во посебниот извод од избирачкиот список за лицата кои согласно евиденцијата на надлежните органи на привремена работа или престој во странство се запишани вкупно 112 илјади избирачи. Во посебниот извод од избирачкиот список за лица кои се наошаат на издржување на затворска казна се запишани вкупно 2162 избирачи. Во посебниот извод од избирачкиот список за лица кои за време на изборите се наоѓаат во установа за вонсемејно згрижување, а кои поднеле пријава за гласање, значи по принцип на активна регистрација има 450 избирачи.“ – изјави Борис Кондарко, претседателот на ДИК.


Ширум Македонија има вкупно 3.480 избирачки места. Според последниот попис на Државна статистика во 132 избирачки места се попишани помалку од десет гласачи. Тие ќе можат да гласаат во најблиското избирачко место.

„Гласањето на ова избирачко место ќе го спроведе најблискиот одбор од најблиското избирачко место. Истите гласачи ќе го остварат правото на глас во најблиското избирачко место со запишани над 10 гласачи на односната општина.“ – изјави Ангелчо Ристов.

Изборите ќе ги набљудуваат овластени лица со посебни беџови за идентификација од Грузија, Амбасада на Република Словачка во Македонија,  Централната изборна комисија на Украина и Институтот за истражување и анализа на политики Ромалитико.  Изборната кампања за изборите започнува во понеделник, на 29 септември а завршува на 17 октомври односно 24 часа пред изборите. Граѓаните ќе избираат градоначалници и совети на 19 октомври, а вториот круг на изборите ќе се одржи на 2 ноември.