Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Економија

Позитивен сигнал од ЕБОР – македонската економија со раст од 3% оваа и следната година

Нагорни проекции за македонската економија. Европската банка за обнова и развој предвидува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нагорни проекции за македонската економија. Европската банка за обнова и развој предвидува 3% раст за оваа и 2026-та година. Во најновиот есенски извештај на банката стојат проекции кои се за 0,4 односно 0,3 отсто поголеми споредено со прогнозата од мај. Банката очекува растот да го поттикнат силната домашна побарувачка и забрзаното извршување на јавни инвестициски проекти, особено изградбата на автопатски делници долж коридорите 8 и 10.

„Се очекува потрошувачката на домаќинствата да остане стабилна, поддржана од зголемувањето на реалните плати и повисоките владини трансфери. Ризиците за економските перспективи произлегуваат од ограничениот фискален капацитет и надворешната нестабилност, особено поради структурните прилагодувања во европската автомобилска индустрија и зголемената глобална неизвесност“ – пишува во извештајот.

ЕБОР  наведува дека Македонија забележала подобри резултати од очекуваните во првиот квартал од 2025 година, со силни перформанси во градежништвото и зголемени инвестиции во јавниот и приватниот сектор. Инаку, според државната статистика, реалниот БДП порасна за 3% во првиот и 3,4% во вториот квартал.

Реклама

„Во овој период, потрошувачката на домаќинствата беше поддржана од зголемувањето на приходите и ублажувањето на инфлацијата, додека изградбата на патишта ги зајакна инвестициите. Извозот се опорави во првата половина од 2025 година по намалените извозни перформанси во претходната година. По отстранувањето на ограничувањата на маржата на профит за одредени основни производи, инфлацијата се искачи на 4,8 проценти до јули пред да се намали на 4,4 проценти во август“ – ЕБОР.

ЕБОР нотира дека фискалната политика останува експанзивна, а Владата се обврзала да го сведе буџетскиот дефицит на 4% од БДП. Банката посочува дека растот во регионот на Западен Балкан забавил од 3,6% лани на 2,4 отсто во првите 6 месеци годинава. Според ЕБОР, највисок раст годинава во регионот ќе има Косово 3,9 проценти, Албанија, 3,5, Црна Гора 2,6, Србија 2,5, а најнизок Босна и Херцеговина од 2,2 отсто. Најголеми ризици врз економиите остануваат геополитичките тензии поради американските царини и конкуренцијата од Кина.