Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Се продлабочува расколот во ДУИ, вечниот Рамиз Мерко повика да се гласа за независните во Струга

Не за ДУИ, туку гласајте за независните – беше пораката која ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Не за ДУИ, туку гласајте за независните – беше пораката која ја упати актуелниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко. Долгогодишниот функционер на интегративците јавно им се спротивстави на своите сопартијци и ги повика поддржувачите да гласаат за советничката листа на независните кандидати.

„Цврсто ја поддржувам независната листа за Советот на Струга. Овие поединци покажаа интегритет и подготвеност да работат за доброто на нашиот град. Ги поканувам сите оние кои веруваат во слободниот глас на граѓаните да ми се придружат во поддршката. На гласачкото ливче, гласајте за бројот 120! Ова е избор за граѓаните, од граѓаните“, напиша на социјалните мрежи ,Рамиз Мерко – градоначалник на Струга.

ДУИ, за локалните избори реши да застане зад коалициониот партнер Алијанса за Албанците, а не зад својот долгогодишен градоначалник. Со тоа, Мерко практично беше тргнат на страна по две децении во првите редови на партијата.

Реклама

По сè изгледа, само тој е единствен кој е пуштен низ вода, по најавениот, но нереализиран ветинг во ДУИ. Во февруари годинава, Али Ахмети свечено промовираше декларација за внатрепартиски ветинг и реформи. Но 7 месеци подоцна – нема механизам, нема резултати. Ветингот што требаше да донесе нов почеток остана само декларација на хартија.

Името на градоначалникот на Струга одамна не е чисто. Во јуни 2023 година, Стејт департментот на САД го стави на црната листа поради, како што беше наведено, „значајна корупција. Во Македонија, Обвинителството отвори повеќе предмети против него, а најновиот е за сомнителна јавна набавка за осветлувањето на вливот на Дрим во Охридското Езеро.

Но иако Мерко е со дамка на корупција, тој не е единствениот со сомнежи за криминал во ДУИ, но само тој не доби поддршка од Мала Речица. И други челници на ДУИ се споменуваат во коруптивни афери, но ниту ги изгубија функциите во партијата, ниту кандидатурите за локални избори.

Ветената февруарската декларација за ветинг остана празна буква на хартија. Нема прочистување, нема одговорност. Единствено што гледаме е дека ДУИ се откажува од услугите на Рамиз Мерко – контраверзниот градоначалник кој денес, наместо поддршка од својата партија, бара спас во независните листи.

Расколот во ДУИ и Европскиот фронт, не запира, пред кратко време и лидерот на ДПА, Мендух Тачи отворено тргна во политичка војна со ДУИ.

ДУИ влегува во избори со видливи пукнатини и целосно изгубен монопол врз гласовите на Албанците. Прашањето е – колку овие избори ќе ја потврдат таа слабост.