Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Ахмети удира по државата – со закани за поделба ја спасуaва политичката кариера

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во свој стил, очекувано, предизборно го вжештува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во свој стил, очекувано, предизборно го вжештува национализмот и подгрева етнички тензии. Со закани, ултиматуми, предвидувања. Ако се продолжело со овие политики, Македонија ќе се распарчела. Не може вели да се оди напред, без Албанците

Овие провокации се уште еден показател дека ништо друго не му остана освен стариот истрошен адут – национализмот. 

Денес, поголем патриотизам е да ги зближуваш народите. Како не земат пример од спогодбата меѓу Франција и Германија. И сега сета кампања ја прават, „Македонија повторно твоја“. А чија? Ако влегуваме така, да ја распарчиме, ќе се распарчи кутрата. Македонија како цела треба да биде дел од ЕУ. Не може да биде во ЕУ без Албанците, не се оди вака напред со патриоти на батерии. рече Ахмети.

Реклама

На собирот во Тетово Ахмети пред гласачите повторно се претставуваше како месија и спасител на етничките Албанци во Македонија кои обединети ги бранеле еднаквоста и европската иднина на Македонија. Нивното единство вели било гаранција дека никој не можел да ги запре. 

Во недостиг на резултати, решенија и програми Ахмети се служи со политички провокации, до толку повеќе што предвидува поделби и загрозување на територијалниот интегритет на Македонија. 

Али Ахмети се служи со бајата реторика. Никој, апсолутно никој не може да каже, каде и какви поделби ќе има, не може тој да зборува за територијалниот интегритет. Тоа само зависи од геополитичките случувања. Овде кај нас, само цвета национал-романтизмот, вели политичкиот аналитичар Агим Јонуз.

Ова не е прв пат Aхмети да се служи со провокации, посебно пред избори. Па така, лани пред парламентарните и претседателските избори, на своите митинзи постојано испраќаше националистички тонови. Се служеше со констатации од типот: „УЧК ја спаси Македонија, без неа, немаше да постои“, или кога му се обраќаше на Мицкоски со зборовите „Не си ја барај бељата, ти си растен со гурабии и бисквити“, а си отвори и музеј на УЧК со картата на „голема Албанија“.

Во меѓувреме,ДУИ реагираше дека медиумите се служеле со тенденциозни наслови и тврдења за надводна поделба на државата отфрлајќи ги тие квалификации како неточни и двосмислени.

Во изјавата било потенцирано дека целта е Македонија да стане дел од Европската Унија, без притоа воопшто да се спомене поделба.