Реклама

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Чекор поблиску до Европската Унија преку реформи во локалната самоуправа

Сејф сити ја намали, националната стратегија треба да ја преполови, но и да ја сведе на нула

Мицкоски: „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, во декември можни и три други нови производни капацитети

Бугарија си има проблем- не може да прифати дека Македонците постојат

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Македонија

Продолжува лекарскиот скрининг во Трубарево

Продолжува лекарскиот скрининг во Трубарево.Одзивот е голем особено од постарата популација и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Продолжува лекарскиот скрининг во Трубарево.Одзивот е голем особено од постарата популација и оние кои имаат хронични заболувања.

Само вчера на првиот ден од скинингот биле прегледани 111 луѓе од нив 11 се упатени на дополнителни испитувања. Лекарите вршат клинички преглед, мерење на пулс, сатурација и проценка на витален капацитет, со цел да се утврди здравствената состојба на локалното население.

Десетина дена по големиот пожар во складиштето за електронски отпад, жителите сè уште се жалат на непријатна и иритирачка миризба.

Реклама

Гушење во гради, кашлање и вртоглаца – ова се најчестите симптоми за кои се жалат жителите од скопскоТрубарево. Дел од нив по здравствените прегледи се препратени на Клиниката за пулмологија.

Докторите апелираат – сите граѓани, без разлика на возраста, доколку почувствуваат вакви симптоми, да не чекаат. Колку побрзо се направи лекарски преглед, толку се поголеми шансите за навремено откривање и успешно лекување на евентуалните здравствени проблеми.

Според Протоколот, скрининг треба да се направи уште два пати, по три и по шест месеци, за да се види ефектот од загадувањето по пожарот.

Последните мерења од штипскиот универзитет покажуваат дека не се забележани невообичаено високи концентрации на ПM честички, вклучително и на тешки метали во воздухот во непосредна близина до катастрофата.