Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Народната банка засега не планира намалување на основната каматна стапка

Народната банка засега не планира да ја намали основната каматна стапка. Ова…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Народната банка засега не планира да ја намали основната каматна стапка. Ова беше одговорот на гувернерот на Народната Банка Трајко Славески откако американските Федерални резерви минимално ја намалија основната камата, а Европската централна банка одлучи да не ја менува при инфлација во Европа од околу 2%. Славески е задоволен што инфлацијата во Македонија забавува во последниот месец. Сепак, вели дека централната банка ќе постапи соодветно на околностите и присутните ризици согласно движењето на базичната инфлација и на евентуално непредвидливи шокови во иднина.

Инаку, од декември младите парови и самци треба да добијат поповолни услови при прво купување стан за живеење, а не за инвестирање. Гувернерот Славески рече дека очекува банките во следните два и пол месеци да се подготват и да понудат станбени кредити со 10% учество за купување стан или куќа. Според него, семејствата коишто за прв пат купуваат стан и живеат во него или куќа се помал ризик од аспект на сервисирање на обврските. Затоа тој смета дека тие треба да добијат поповолни услови за кредитирање од страна на комерцијалните банки.

Инаку, Македонија планира да влезе во системот на инстант плаќања заедно со останатите земји од Западен Балкан. Гувернерот Славески на 15 октомври во Вашингтон ќе го потпише писмото на намери со кое земјава ќе влезе во системот на инстант плаќање. На 1 јули 2025 земјава официјално стана дел од Единствената област за плаќање во евра (СЕПА). Ова членство треба да го олесни испраќањето и примањето пари од странство, да ги намали трошоците за трансакции и да ја подобри брзината и сигурноста на плаќањата во евра.